Saturday, December 22, 2018

Новогодишен рецепт - Соленки 10 - 12+ месеци

Новогодишните празници се време за креирање нови, убави спомени, време кога се споделуваат прекрасни моменти, се посакуваат убави желби. Најубавите спомени секогаш се околу новогодишната трпеза. 




Понесени од новогодишниот дух, бевме инспирирани да создадеме новогодишни рецепти. Со тоа сакаме да ви помогнеме да уживате во семејната трпеза заедно со вашите бебиња и мали деца, а со тоа и да ви го скратиме времето поминато во кујна.
Со овој нов рецепт може да подготвите соленки кои може да ги комбинирате со најразлични новогодишни прилози, но и да ги понудите на децата како здрава ужинка или прилог на цел оброк.

Рецепт

  • 500 гр брашно
  • ½ чаша јогурт
  • ½ чаша маслиново масло
  • ½ прашак за пециво
  • 125 гр путер
  • ½ сув квасец


За едната половина 10+
  • 1 лажица ким


За втората половина 12+
  • 1 лажица мелен сусам
  • 1 лажица мелени семки од тиква
  • 1 лажица мелени семки од сончоглед


Брашното, пецивото и сувиот квасец ставете ги во сад за месење. Додадете путер растопен на собна температура, јогурт и маслиново масло.
Замесете тесто. Тестото поделете го на два дела.
Во едниот дел ставете ким и добро замесете го за да се распореди. Во вториот дел. Во вториот дел ставете мелен сусам, мелен сончоглер, мелени семки од тиква и малку сол. Добро замесето го тестото.
Готовото тесто расукајте го и вадете форми со калапи.
На плех со хартија за печење наредете ги формите и премачкајте ги со матена жолчка.
Како декорација може да наросите ким.
Печете во загреана рерна на 200°C околу 25 минути или додека заруменат.



Во овој рецепт користевме несолен путер од линијата на President. Путерот има одлична текстура и е погоден за готвење на солени, но и благи пецива.




Од Ариза ни подготвија прекрасни новогодишни декорации и го украсија нашиот сет.




Целата подготовка на овој рецепт може да ја погледнете на видеото



Предходно објавен Бебе Готвач видео рецепт:




Следете не на нашиот youtube канал и очекувајте ги новите видео рецепти.

Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.
Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.

No comments:

Post a Comment