Тоа е и случај со мојот помал син. Од четири месечна возраст почна да качува само 100-150 гр месечно.
Среќа имам искуство, но и неговиот матичен педијатар е одличен, па не добив совет дека треба да дохранувам со АД млеко, кое секако не би го дала и да добиев таков совет.
Почнав со дохрана на 6 месеци, но без никакви промени во килажата. Две недели пред да наполни 8 месеци воведов втор оброк и повотрно само 130гр плус на неговата тежина. Третиот оброк го воведов на 9 месеци со надеж нешто дека ќе се смени. Но и покрај слабиот напредок во тежината не се грижев бидејќи имам син кој е многу активен, весел, нормален. Беше неколку пати болен и не сакаше да јаде, па на тоа го препишував овој проблем.
На една полна година мојот син имаше 7350 гр. Хемоглобинот беше на долна граница, 110, но тоа не беше загрижувачко. Педијатарот беше приморан да не прати на неколку испитувања за да видиме дали е се во ред. Стравот и стресот што ги доживеав не ги посакувам на никој. Среќа, резултатите беа добри, се е беше во ред.
Такво е детето, жилаво, активно, ситно. Но јас веќе бев загрижена и сакав да превземам нешто.
Решив да направам месечно мени за подобрување на тежината, но и на хемоглобинот. Прво ги извадив рецептите што ги имаме во апликацијата Бебе Готвач. Ако не знаете, пред извесно време започнавме да објавуваме рецепти за подобрување на хемоглобинот. Потоа видов што може да искористам од видео рецептите од нашиот youtube канал како и од книгата Бебе Готвач
Го извадив целото оружје што го имам ☺️ Време беше да помогнам на едно мое...
Потоа се консултирав со нутриционист, Маја Велковска, која несебично не поддржува и дава совети во нашата група Здрава храна, здрави деца. Од неа ми требаше помош околу калориите. Што да користам во оброците за да ги направам покалорични. Да го натерам да јаде поголема количина, не можам, но можам да направам бомба-оброк, полн со калории. Секако здрави ☺☝ Млечните производи целосно ги исклучив од менито за овој период.
По неколку дена, менито беше готово. Го испечатив и го закачив на фрижидер. Ставив дата и килажа. Целта беше зацртана, да качи минимум 500 грама .
Ова двонеделно мени во следните 2 недели само го модифицирав. Принципот на комбинирање на намирници го задржав, само со нови комбинации и намирници. Така, по список, без никакви отстапки јадеше цел еден месец.
И УСПЕШНООООО!
Вагата покажа 8000гр. Качил цели 650гр за еден месец. Па толку немаше ставено последните 6 месеци хахаха...
Крвна слика не направив заради целата фама со сипаници и останати болести што кружат по здравствените домови. Но верувам дека и тука сме поминале добро.
Потоа со исхрана продолжив на ист начин, само без ригорозни шеми. Млечните производи ги вратив, само не ги мешам во оброците кои сакам да бидат исклучиво полни со железо. И правам повеќе оброци што може да ги јаде сам и да гризе. Од блендирано бега хахаха...
Се надевам дека моето мени ќе се најде од помош во вакви или слични ситуации или барем ќе даде идеа за тоа како изгледа едно здраво неделно мени на едно детенце од една година.
Целиот план може да го превземете на следниот ЛИНК
Подолу може да најдете линкови и статии што можат да ви помогнат во борбата со подобрување на хемогобинот:
Како безбедно да ја надминете анемијата кај вашето бебе/дете
Намирници богати со железо
Како да го подобриме имунитетот кај бебињата и децата
Брзи, вкусни и здрави пудинзи
Наменски рецепти во апликацијата Бебе Готвач
Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.
Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.
No comments:
Post a Comment