Мајчина душичка
Во време на епидемија се препорачува секојдневна употреба на чај од мајчина душица, затоа што таа има својство да го спречи создавањето на многу патогени инфекции, а некои дури и ги уништува. Но, исто така многу важно како се подготвува овој чај:
Ставете една супена лажица мајчина душица, потопете ја во 200 гр врела вода, поклопете го садот (никогаш не го варете чајот во отвптен сад) и после половина час, исцедете ја течноста, засладете со мед и уживајте во вкусен топол напиток.
Ставете една супена лажица мајчина душица, потопете ја во 200 гр врела вода, поклопете го садот (никогаш не го варете чајот во отвптен сад) и после половина час, исцедете ја течноста, засладете со мед и уживајте во вкусен топол напиток.
Трупка
Ова растение доаѓа од фамилијата зелки, како брокулата и прокељот. Постојат две врсти на трупка (ротквица): зимска црна и зимска бела трупка. Првата е лута, додека белата е слатка. Трупката се препорачува да се јаде кога ќе се појави некоја епидемија на заразни болести. Се консумира свежо изрендана бидејќи брзо ги губи лековитите дејства. Колку е црната трупка полута, толку е и поквалитетна. Во исхраната најмногу се користи за салата, а од неа може да се прави и сок, кој е богат со антиоксиданси. Сокот од црна трупка е богат со калиум, калциум, фосфор, железо и со витамини, а полесно се свари отколку овој зеленчук да се јаде свеж.Црната трупка, поради своето богатство на антиоксиданси, е одлична храна и природен лек против многу заболувања. Поради големото количество на витамини и минерали, таа го јакне имунитетот, го подобрува апетитот и ја чисти крвта.
Таа е одличен природен детоксикатор на организмот.
Може да ја најдете на пазарите, особено овој период.
No comments:
Post a Comment