Monday, February 4, 2019

Болоњезе таљатели 18+

Зелени, здрави и вкусни таљатели со спанаќ, во комбинација со болоњесе сос, се одличен домашен здрав ручек за целото семејство.
Со последниот Бебе Готвач видео рецепт, почувствувајте го мирисот на Италија во вашата кујна ☺



Рецепт:
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • ½ лажица чубрика
  • ½  лажица босилек
  • ½ лажица оригано
  • 3 лажици путер
  • 300 гр. мелено месо
  • Малку вода
  • 8 топчиња таљатели со спанаќ

За сос
  • 3 свежи домати
  • 1 чешне лук
  • ½ пола лажица оригано
  • ½ лажица чубрика
  • ½ лажица босилек
  • 8 лажици маслиново масло
  • 300гр домашни пастеризирани домати


Започнете со подготовка на сосот.
Исецкајте ги доматите и лукот. Ставете ги во блендер, додадете ги зачините и пастеризираните домати. Сипете маслиново масло. Добро изблендирајте за да добиете течна смеса.
Ставете длабоко тенџере да се загрее на оган. Додадете малку маслиново масло. Потоа сипете го сосот во тенџерето. Оставете да врие додека добиете убав, густ доматен сос.
Во меѓувреме, ситно исечкајте го кромидот и лукот, а морковите изрендајте ги на ситната страна на рендето.
Во тава, на оган додадете малку путер и оставете да се растопи. Ставете го кромидот и лукот и ренданиот морков. Добро промешајте и оставете да се динста. Потоа додадете го меленото месо и добро промешајте.  Оставете да се динста додека цело месо убаво побели и да испари водата која ќе ја испушти.
Потоа во месото се додава доматниот сос и се остава да крчка на тивок оган околу половина час со повремено мешање.
Таљателите ставете ги во зовриена вода и оставете да се сварат според упатството на пакувањето. Кога ќе се сварат ставете ги во цедилка и измијте ги со вода.
Исцедени сервирајте ги заедно со болоњезе сосот од мелено месо. На крајот, од горе, изрендајте вкусен кашкавал.





Во овој рецепт користевме вкусен кравји кашкавал од линијата на President






Путерот е исто така од линијата на President, во солена и несолена варијанта.





Како и секогаш, Ариза се грижи за нашите престилки.  



Целата подготовка на овој рецепт може да ја погледнете на видеото:




Предходно објавен Бебе Готвач видео рецепт:


Следете не на нашиот youtube канал и очекувајте ги новите видео рецепти.

Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.

Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.


No comments:

Post a Comment