Wednesday, December 18, 2019

Касарол од тиквици

Во домот ќе ви се шири мирис на зачини и потпечени тиквици со овој вкусен рецепт. Вкусен касарол од тиквици за сите дечиња, но и возрасни, за целото семејство.
Со овој видео рецепт на Бебе Готвач ќе подготвите брз ручек, но соодветен е и за вечера. Во овој оброк може да уживате со чаша вкусен јогурт.



Рецепт:
  • ½ шоља интегрален ориз
  • 200 грама кашкавал
  • 4 средни тиквици
  • 1 лажичка хималајска сол
  • 1/3  шоља павлака
  • ½  шоља јогурт
  • ½ лажичка прашок за пециво
  • 1 големо јајце
  • ½ лажичка од мешан зачин –  1л. лук во прав, 2л. сушен босилек, 2. оригано, 1л. рузмарин, 2л. сушен магдонос
  • ½ мал кромид
  • 1 шоља корнфлекс
  • 2 лажици путер
Загрејте ја рерната на 200C° степени. Намачкајте со путер длабока тава во која ќе печете.
Сварете го оризот и ставете го на страна.
Изрендајте го кашкавалот. Исечкајте го кромидот.
Излупете ги и изрендајте ги тиквиците и ставете ги во цедалка. Наросете една лажичка сол и оставете да стојат за да се исцедат убаво. По 10 минути истискајте ги убаво за да се исцеди целата вода. Потоа ставете ги во голем сад.
Додадете ги павлаката, јогуртот, прашакот за печиво, јајцето и добро измешајте.
Додадете го оризот, кашкавалот (оставетe малку за од горе), кромидот, ½ лажичка сол и мешаниот зачин. Добро измешајте.
Сипете ја смесата во тавата за печење. Искршете го корнфлексот и растопете го путерот. Измешајте ги и посипете од горе и наросете со останатиот кашкавал.
Печете околу 30-35 минути.

Во овој рецепт користевме вкусен кашкавал од линијата на President 










Путерот е исто така од линијата на President



Интегралниот ориз и зачините се од линијата на здрави производи на Bio Cosmos







Престилката ја изработи Ариза 


No photo description available. Во кујната на Медена во која готвевме секогаш ќе најдете вкусни путер колачиња и торти

Следете на нашиот YouTube канал и очекувајте нови видео рецепти.

Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.

No comments:

Post a Comment