Friday, August 9, 2019

Поддршка на доењето: ,,Од мајките кои дојат, за мајките кои ќе дојдат '' - Александра Алексоска

Успешната доеничка приказна на Александра Алексоска 


Додека бев бремена, освен за напредокот на бебето и пораѓајот за ништо друго не бев информирана .По природен пат родено девојче, прво дете . Брз и лесен пораѓај и си реков :супер тоа заврши, сега ќе си цицка бебуш ќе се гушкаме.Но, најтешкото допрва следеше.Гради полни, млеко фул, запушени канали, бебето жолтица и нема сила да цица. Почнав со рачна пумпа да се одмолзувам, ама боли и тешко оди и немам сила .





Од медицински персонал немав никаква помош ниту совет, освен да ти кауваат дека детето ти е гладно.Тогаш сопругот се согласи да ми помогне .Тој доаѓаше два пати во денот да ме одмолзува за  да се oпуштат каналите .Тој  влече , јас стискам заби и конечно ги ослободивме дојките од притисокот .Но, бебето сеуште нема сила .Цело време успиено од жолтицата иако упорно го будев и ставав на града. Првата контрола покажа дека е паднато во килажа и тоа многу .Неонантологот ми кажа: немаш млеко, земи АД . Јас викам : имам, ама бебето не цица, спие. Беше упорен во настојувањето за АД...Излегов од болница и сопругот предложи: ќе земаме, јас: Не, нема, а и сам знае колку млеко фрливме тоа што го одмолзувавме (доцна разбрав дека сум можела да го складирам). Борбата продолжува и дома. Бебето успано и не цица, едвај да фати и кога ќе фати  еден подој со саати ,но не се предадов .Откако и помина жолтицата стана цицач невиден.Кога сака, колу сака, каде сака.Ексклузивно доење до 6 месеци, а се одбивме на 15 м .По 2 м останав бремена ,но со второто сум сега поискусна, напатена. Бебето цица од првиот миг штом ја ставив на града и исто е на ексклузивно доење .а доколу не беше одбиено првото и бев бремена ќе ги доев тандем .зошто нема ништо поубаво од доењето.Од врската која се воспоставува помеѓу мајката и бебето додека цица.Особено за придобивките за двете страни. И затоа бидете упорни, после животот, доењето е најдоброто нешто што можете да му го дадете на вашето дете.

No comments:

Post a Comment