Thursday, August 8, 2019

Поддршка на доењето: ,,Од мајките кои дојат, за мајките кои ќе дојдат '' - Мери Амбросова

Успешната доеничка приказна на Мери Амбросова

Сакам да ви го пренесам моето искуство и каде згрешив јас, за да не ги повторите и вие грешките.
Пред да се породам читав околу доењето, но некако мислев дека ќе оди природно дека ќе е безболно, дека нема да имам никакви проблеми. Многу сакав да дојдам и поради тоа бев на се спремна од самиот старт. Се породив во Киев - Украина во државно- приватна институција. Породот помина во најдобар ред. Одма ми ги притиснаа брадавиците и ми кажаа дека ќе имам млеко бидејќи имав колостриум. Се израдував многу. Ми ја донесоа Марта два часа после пород за да цица, дојде сестрата ми ја легна Марта и и ја стави брадавицата само, но не и кружниот дел. И така цел ден се мачевме, вториот ден случајно, тетка ми ми кажа да ја ставам целата, но веќе беше доцна, бидејќи имав рани на двете гради. Се мачкав со ланолин, но имав премногу болки - цели три до четири недели. Како што ќе цицаше веднаш се мачкав и менував страна. Кога ќе завршевме седев со лесна облека или гола. Марта цицаше на почетокот нон- стоп и на 10 минути што не препорачуваа педијатрите, но јас не гледав никаков друг начин бидејќи ми беше многу гладна.
Марта не сакаа да ми ја дадат до 3 ден да е со мене во соба, а нејзе ми ја носеа на периоди ( 06, 10, 14, 17, 20, 00) остануваше по пола саат. Гладна ми ја носеа, но за пола саат не успеваше да ги стимулира градите и не ми дојде млеко до 5- от. или 7- от ден. Откако ми ја дадоа да е цело време со мене, ми забранија да давам адаптирано млеко. Првата вечер беше ужасна, плачеше цела ноќ јас и давав да цица, но, залудно.  Во 06 часот сабајле  дојде сестрата на посета и ми кажа „леле гладно ти е детето зашто не му дадеш да јаде“? Многу се разочарав зашто јас цела ноќ и давав да цица, а таа повторно гладна. Ми кажа одма давај адаптирано млеко. И така до 5 или 7 ден давав адаптирано млеко еднаш дневно само пред спиење. Кога видоа дека проаѓаат денови, а јас немам млеко ми испратија специјалист по доење да ми ги измасира градите. Јас нон стоп прашував да не треба нешто да правам за да ми дојде млекото, до тогаш ми кажуваа: Не, ќе имаш не се грижи. И кога масерката ми ги измасирао градите, ми проби млекото. Златни раце има жената.
Кога надојде млекото конечно кажаа дека имам и забранија адаптирано млеко да се дава. Но,наредниот ден увидоа дека Марта е ослабната 600 грама и наеднаш кажаа давај адаптирано млеко после секое цицање. Така давав адаптирано додека не излеговме. Не пуштија 10-от ден со зголемена килажа и кажаа, толку престани го адаптираното, не е убаво да се даваат двете. Јас бев многу изнервирана зашто не е лесно наеднаш да го престанеш. Кога дојдов дома Марта цицаше нон стоп и нон стоп плачеше додека не и дадев адаптирано млеко. Така, после првиот ден седење на града по цел ден, решив дека ќе давам адаптирано млеко,  но ќе го намалувам постепено.





Овие денови беа ужасни, она плачеше нон стоп, нон стоп барање да цица. Јас не знаев имам ли доволно млеко или не. Се измолзував, за саат 30 мл млеко од една града, се изнервирав и престанав да се измолзувам. Педијатарот препорачуваше цицање на два саати по 20 мин на една, 20 на друга страна и да намалувам да стигнам до 10 минути, а мене Марта на 10 минути бараше да цица по 1 саат седеше.
Буквално по цел ден цицаше, навечер се будеше и плачеше, исто долго цицавме. Од околината бев осудувана дека давам и адаптирано, дека многу ми седи на града. Така почнав да прашувам познанички кои имаа дете и доеле како било првите денови. Ме утешија дека ист случај, по цел ден на града било и кај нив. Ова ме утеши доста. Така постепено адаптираното млеко го исфрлив преку ден остана само за заспивање. Ќе напоменам дека некогаш ќе цицаше и ќе заспиење, па ќе станеше за 10 минути и немаше да и дадам адаптирано млеко него цицаше пак. На пример ако сум давала 40 мл адаптирано, постепено го намалував и стигнав до 10 мл и погаш го укинував за тоа спиење. Одвикнувањето од адаптирано млеко најтешко ми падна.
Од една страна цел ден цица и плаче, брадавиците рани, таман си ја надоил дошло време за повторно цицање. Од друга страна спас ти е адаптираното млеко зашто ем немаш болка ем дете најдадено. Но големата желба Марта да цица ми даде сила да истрајам во најтешките моменти.
Околу количината на млекото во целиот хаос со одвикнувањето од адаптирано млеко си го поставував прашањето „имам ли доволно млеко„. Кога видов дека плаче многу после доење и бара адаптирано млеко, почнав да пијам чај за доилки, но млекото не ми се зголеми. Секако јадев само здрава храна (овде имаат посебна исхрана за тоа во друг пост), се што прочитав за зголемување на млекото а беше во вид на храна пробав. Пиев чај и јадев се што требаше но Марта сеуште плачеше сеуште не и беше доволно. Буквално бев очајна. Од една страна Марта гладна не може без адаптирано, од друга страна знаеш дека треба да го престанеш.

Марта некаде до вториот месец цицаше и користеше адаптирано млеко.

Сакам да им препорачам на мајките кои се борат со адаптирано млеко да истрајат и издржат. Да, лесно е да дадеш адаптирано и да си уживаш, но е докажано дека мајчиното млеко е најздраво и најдобро за бебето. 
Ноќното доење на почетокот беше многу често одвај се изборивме да дојдеме да станува на два саати, и тоа точно се будеше на два саати. Првиот пат кога не се разбуди јас станав, се прошетав низ стан и се вратив во кревет. Ми беше чудно што не стана. Никогаш не сум ја будела за цицање. Овде така ми препорачаа само да се буди ако не напредува бебето. Став на педијатрите во Украина.

Како и кај нас и овде има различни педијатри со различни ставови. Мојот педијатер ми велеше на 5 месеци да почнам со дохрана. Мојот став беше дека до 6 ќе е само на доење, дури сакав и подолго но почна многу да е гладна и да гризе. Така јас со дохрана почнав на 6 месеци и недела. До кога да се дои детето исто немаат став, барем педијатарот мој ништо не ми кажа. Секој пат ме прашува дали ја дојам уште. Мајките во Украина повеќето ги дојат до година и престануваат. Некои кои тргаат на работа ги откажуваат и порано.
По тоа што читам најубаво е да се дои до две години, да не се откажува наеднаш од цицање. Имам прочитано дека раното откажување од града придонесува подоцна да се изгради на глобално ниво општество кое преферира големи гради, да се става акцент на нив. Затоа треба детето да се остави само да се одвикне од цицање.
Марта сега е 16 месеци и цицаме само заспивање преку ден, заспива еднаш. Доколку заспие во количка или со некој друг тогаш не бара цицање. И навечер за заспивање цицаме. После година дена неврологот ми кажа дека е битно откако ќе заспие навечер 6 саати не треба да станува. Тоа е најдобро за развојот на детето. Марта тоа го почитува сама по себе. Планирам да ја дојдам додека не се одбие сама, па ќе видиме.

No comments:

Post a Comment