Wednesday, August 7, 2019

Поддршка на доењето: ,,Од мајките кои дојат, за мајките кои ќе дојдат '' - Дани Тасевска






Успешната доеничка приказна на Дани Тасевска


Уште кога бев бремена знаев дека ќе го дојам моето бебенце ама не бев свесна што значи зборот доење и си мислев ќе ја дојам негде до 7-8 месеци...
Доаѓа денот, јас се породив и доаѓа моментот да ја ставам Деа на града.Секако не знаев како да го изведам тоа, не знаев како правилно да ја поставам, таа не знаеше како правилно да фати. За среќа во собата имаше поискусна мајка, па ми помогна и ми ја постави правилно и ми рече: Мајка, само не се нервирај ,само смирено и биди упорна и ќе видиш како ќе си ја фати градата.За овој совет и помошта сум и 
благодарна до небо.






Пред да ме испуштат ме прашаа дали имам млеко, мене сеуште ми течеше колострумот и ми рекоа да и давам дохрана додека ми надојде млекото,но јас бев решена дека нема да дадам дохрана бидејќи знаев дека колку повеќе бебето е на града, толку повеќе млеко ќе надојде. Си дојдовме дома и приметив дека ми имаше надојдено млеко. Ја ставав повеќе на града .Иако беше лакомо бебенце ,се уште не знаеше убаво да фати, а мене ужасно ме болеше.Ама, не се предававме ни двете , ја гледав и викав ќе успееме ова е најдоброто нешто за тебе.Не посегнав ни по АД ни по пумпица за измолзување, зашто страв ми беше да не се научи на шише,па да не не сака потоа на града.

На левата града осетив дека почнува да ми станува болна и дека ми се појавува внатре грутка, но со помош на вашата група и советите и малце се едуцирав во врска со тоа, па често се туширав со топла вода и ја масирав градата под туш, а потоа ја измолзував и млекото почна само да тече,а со тоа градата ми стануваше помека и ми се изгуби грутката и го решив тој проблем. Ме болеше негде додека поминаа 2 месеци ми беше од помош тоа што кога се туширав не ставав сапун и гелови на градите бидејки тоа ја суши кожата и редовно се мачкав со ланолин.

И еве сме сега, поминаа 4 месеци успешно доење, љубов, поврзаност, утеха,нежност...и конечно сфатив што значи зборот доење. една посебна врска меѓу мајката и своето чедо. Ја дојам каде сака, кога сака и колку сака. Иако ми викаа не ја учи толку на града, јас толку се поврзував со неа ,бидејќи не ја учев на града ја учев на љубов.
Сега Деа е 4 месечно среќно бебе кое има 7.500 кг и планирам да ја дојам додека самата не се одбие,зашто најубав подарок од мајката за бебето е доењето. Зошто тоа е бесценет момент во кој можеме да се галиме без да мислиме на ништо друго и знам дека ќе помине брзо периодот на доење и она ќе порасне, а мене ќе ми недостига тој момент за тоа сакам да уживам во доењето и во тие моменти поминати со моето малечко.

No comments:

Post a Comment