Wednesday, August 7, 2019

Поддршка на доењето: ,,Од мајките кои дојат, за мајките кои ќе дојдат '' - Христина Салтирова

Успешната доеничка приказна на Христина Салтирова




x

Првото дете, ќерката Јована не ја доев, бидејќи и по 4 месеци измолзување мајчино млеко, никако не сакаше да цица, но успеав преку шише да и овозмоам да го пие моето млеко.
По 7 год. се роди мојата втора среќа, синчето Константин кој уште додека бевме во болница иако слаб и мал( се роди 2760 г. ) фати веднаш да цица. 
Сепак немаше сила да се нацицува доволно, па два месеци и цицаше и молзев, па така му го давав моето млеко. Напорно беше, ама бебето порасна, си доби на сила и на точно два месеци ја фрлив пумпата :)
Сега е 14+ и уште цица. Ги повлекувам сите муабети што некогаш сум ги кажала дека "големи" деца не се дојат. Сега, кога го дојам веќе година и неколку месеци , едноставно немам срце да го одбијам. 




No comments:

Post a Comment