Успешната доеничка приказна на Марија Димовска
Цел тој стрес многу влијаеше на мене.
Од болница ме испуштија со рецепта за АД млеко и со зборовите: " Слаба си, едвај 50 кила... гледај си го здравјето ".
Бев многу испаничена од новостанатата ситуација, бебе кое нон стоп плаче и уште едно дете на кое му требам. Потполно сама. Помош никаква, освен од сопругот кој одеше на работа во смени по 12 часа.
Ја ставав на града нон стоп.Знаеше да цица, ама млеко немаше никако. Ме фати постпородилна депресија. Повеќе плачев отколку што правев било што друго.
Сакав да ја дојам со целата моја душа и покрај препораките од педијатарот. Во тоа време многу ми помогна патронажната сестра која ми објасни убаво за постпордилната депресија. По нецели две недели, Бисера почна да си цица.
Ја доев 21 месец и со моите 50 кила и со целата сила, покрај трагедијата што ме снајде кога таа имаше 4 месеци. Го изгубив татко ми...
Бисера е доена кога сака , каде сака, буквално.
Бев пресреќна што успеав во мојата цел и што не се откажав како во случајот со првото дете.
Поддршка од мене за сите мајки кои ќе дојат. Непроценливо чувство.
Јас сум Марија , мајка на две деца. Првото дете го родив прилично млада на 23 години и за жал , што од неедуцираност , што од рекла- казала едвај го доев нецели 6 месеци.Бисера дојде на свет после 6 години.Имав тешка бременост со крварење , а уште потежок пороѓај.Ја родив во 43 г.н без грам плодова вода .
Пораѓајот сам по себе беше тежок со компликации ( се породив природно) и за влакно избегнав вадење на матката.
Цел тој стрес многу влијаеше на мене.
Од болница ме испуштија со рецепта за АД млеко и со зборовите: " Слаба си, едвај 50 кила... гледај си го здравјето ".
Бев многу испаничена од новостанатата ситуација, бебе кое нон стоп плаче и уште едно дете на кое му требам. Потполно сама. Помош никаква, освен од сопругот кој одеше на работа во смени по 12 часа.
Ја ставав на града нон стоп.Знаеше да цица, ама млеко немаше никако. Ме фати постпородилна депресија. Повеќе плачев отколку што правев било што друго.
Сакав да ја дојам со целата моја душа и покрај препораките од педијатарот. Во тоа време многу ми помогна патронажната сестра која ми објасни убаво за постпордилната депресија. По нецели две недели, Бисера почна да си цица.
Ја доев 21 месец и со моите 50 кила и со целата сила, покрај трагедијата што ме снајде кога таа имаше 4 месеци. Го изгубив татко ми...
Бисера е доена кога сака , каде сака, буквално.
Бев пресреќна што успеав во мојата цел и што не се откажав како во случајот со првото дете.
Поддршка од мене за сите мајки кои ќе дојат. Непроценливо чувство.
No comments:
Post a Comment