Tuesday, August 6, 2019

Поддршка на доењето: ,,Од мајките кои дојат, за мајките кои ќе дојдат '' - Надежда Шодан

Успешната доеничка приказна на Надежда Шодан


Светска недела на доењето. Недела на најубавото, најстрашното, најпрекрасното, најуморното нешто на свет.
На сликата е Павел во првите денови, сеуште во болница, цица колострум :) 



Мојата приказна со доењето не беше воопшто лесна. Иако ги посетив сите предавања и работилници за истото, и мислев дека сум спремна и дека “не е ништо сложено”, ох, колку е сè, само не едноставно.

Павел си имаше супер инстинкт и веднаш “фати”. Благодарение на сестрите, убаво си го наместив и одлично влечеше од прва.
Еден ден пред да не пуштат млекото почна да надоаѓа. Павел мал, поспан и со жолтица, не можеше да извлече доволно. Ќе експлодирав. Болки, грутки... сè.
Си отидов дома со температура. На почетокот блага, за по неколку часа да почнат страшни трески, не можев да си го контролирам телото. 39 температура.
Масажи, облоги, пумпи... се симна некако.
Утредента пак. Следниот ден пак.
Болница и два дена инфузија. Првиот ден не можев да се смирам од тресење, раката ми беше цела модра од промашени обиди за боцкање.
Докторот: маститис. Мора антибиотик. Уф! Што убаво тргна доењево.
Но, помина. Следеа уште неколку денови со секојдневни масажи и облоги, а во меѓувреме Павел доби сила и почна да исцицува убаво. 
Одлучив да го дојам кога тој ќе посака, on demand, и не го послушав советот на педијатрите да го дојам на секои три часа- да го истренирам, за да сум поспиела. Жртвата вреди! 

Навистина бев жива ненаспана, сеуште сум, ама бенефитите се огромни.

Павел сеуште цица по 7-8 пати на ден/ноќ и иако ќе прави една година за 3 дена, сеуште нема преспано цела ноќ.
И покрај тоа, не планирам да престанам со доење набрзо, односно ќе го дојам додека тој сака. 

Совет до сите идни мами: не се откажувајте.
Ќе биде тешко, напорно, болно, ама ви ветувам ќе се исплати. 

Останатите блиски: дајте поддршка на доилките. Направете им ручек, дајте им вода (многу вода), заменете ги, дајте им да поспијат, зборувајте со нив, поддржете ги, истрпете ги :)

No comments:

Post a Comment