ЖИТАРКИ
На пазарот, имате голем избор на житарки, но решивме да ги споделиме оние кои ние ги користиме во секојдневната подготовка на здрави оброци, не само за децата, туку и за нас возрасните. Во овој пост ќе прочитате за дел од житарките кои најчесто се користат, особено за подготовка на бебешките каши, начинот на подготовка, како и линкови до интересни рецепти со овие житарки.
Ќе започнеме со најупотребуваната житарка, која воедно е и најстарата која се користела во исрхараната на човекот, просото.
Тоа е многу хранлива и лековита житарица. Содржи просечно повеќе белковини од пченицата, пченката и оризот, како и драгоцени минерали: фосфор, магнезиум, флуор и железот, витамини, особено витамини од групата Б (Б1 и Б2), аминокиселини и микроелементи. Содржи 14% растителни протеини и околу 60 % јагленохидрати, а многу малку масти.
Поради својата висока биолошка и хранлива вредност, просото особено им се препорачува на трудниците и на мајките кои дојат, како и на лицата кои чувствуват физичка и психичка премореност. Просото му ја дава потребната енергија на телото, го јакне имунитетот, ги зајакнува косата и ноктите.
Просо брзо и лесно се подготвува. Оваа житарка се одликува со слатко зрно го прави многу вкусно. Не содржи глутен, но може да се меша со пченично брашно и се користи за да се направи леб и тестенини. Просото е разноврсна намирница. Тоа може да се користи во солени јадења и десерти. Таа има деликатна оревкаст вкус и, во зависност од тоа како ќе го готвите, може да биде крцкаво или меко.
Започнете со подготовка на јадење со просо, така што ќе го измиете и ќе го оставите да се исцеди. Во средно тенџере истурете две и пол чаши вода и кога ќе зоврие ќе додадете една чаша просо. Поклопете го тенџерето, намалете ја температурата оставете да се готви за 15 минути. Потоа тргнете го од шпоретот и оставете го да отстои уште 20 минути.
За малку помека каша просо, да се зголеми количеството на водата на три и пол чаши и гответе го покриено додека водата целосно не испари од 45 минути до еден час. Ако сакате крцкаво просо, тостирајте го пред дотвењето.
Печете го во сува тава на средна топлина мешајќи постојано околу три минути, а потоа додадете вода поклопете. Просо: се готви во сооднос 3:1, околу 15-20 мин. Претходно се чисти и мие од
можни нечистотии, а може и претходно да тостира за побогат вкус, како и да се сомеле и да се користи како брашно за подготовка на многу печива. Гриз од просо: се готви во зовриена вода како и секој друг гриз со тоа што количински се става нешто повеќе од вообичаениот гриз затоа што не набабрува како пченичниот.
Просото во исхраната на бебињата се воведува на самиот почеток на дохраната, односно 6+ месеци.
Мојата најомилена житарка е киноата, која многу често ја користам, особено за подготовка на салати. Киноата е древна билка од Јужна Америка. Одгледува е на Андите уште пред 5000 години. Инките ја препознале оваа храна како извор на сила и издржливост и ја нарекле "злато на Инките" и "мајка на житариците".
Киноата е богата со високо квалитетни протеини и ги содржи сите есенцијални амино киселини. Таа е особено богата со лизин, кој учествува во процесите на раст и зацелување на ткивото.
Киноата e поскапа житарка, а висината на цената е затоа што се бере со рака, податок кој ќе ви помогне да ја разберете нејзината вредност. Исто така не се потребни пестициди за да се одгледува.
Хемиската анализа покажала дека киноата ги содржи сите неопходни за човекот аминокиселини (околу 20 видови) и може да се каже дека е комплетна замена за месото. Киноата содржи минерали калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк и бакар. Од витамини - тиамин, рибофлавин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина, витамини А и Е. Таа е богата со растителни влакна и каротеноиди и помага со мигрена, го подобрува здравјето на срцето и крвните садови, го намалува холестеролот и крвниот притисок, помага во спречување на алергии и астма.
Киноата може да се каже дека е лесна за приготвување, но е и лесна за желудникот. Таа може да се искористи како во супите (на пр. наместо фиде) како гарнир, може да се додаде во секаков вид салати, но и во разни десерти, на пример во палачинки, вафли, мафини. Успешна замена е за оризот, но значително покорисна одошто самиот оризот, особено белиот (луштениот). Со брашното од киноата може да се прави леб, разни печива, а се применува и во индустријата на тестенини. По правило киноата се продава исчистена и промиена што го олеснува нејзиното приготвување.
Необработената киноа секогаш измијте ја пред подготовката затоа што нејзината лушпа содржи сапонин - супстанција која дава горчлив вкус. Измијте ја и процедете ја киноата, а потоа згответе ја исто како и тестенините (во голем сад со многу вода), или како ориз на пареа (во сооднос 2 чаши вода 1 чаша киноа).
Киноата бидејќи е безглутенска житарка се воведува на почетокот на исхраната на бебињата односно на 6+ месеци.
Рецепт со киноа:
Претходно измиената киноа сварете ја во вода. За овој оброк потребно ви е 1⁄4 шоља киноа и 1 шоља вода. На страна испасирајте едно јаболко, една банана и 2 претходно сварени, суви сливи ( може и свежи). Откако ќе се олади киноата измешајте ја со пасираното овошје и зачинете со малку органски цимет. Исто така може да ја употребите за да подготвите сутлијаш.
Многу лекари докажале дека хељдата е идеална намирница за приготвување на природно здрави и диетални јадења. Таа помага и во лекување на многу здравствени проблеми. Белковините од хељдата се поквалитетни од белковините на другите житарици и полесно се сварливи. Таа е многу корисна за органите за варење. Го подобрува варењето на храната и работата на цревата.
Хељдата содржи и витамин Б1 и Б2, како и витамин П, кој е одличен за јакнење на крвните садови. Чајот од лист и цвет на хељда се користи како превентива и лековито средство кај атеросклерозата, која е последица од зголемен крвен притисок. Затоа хељдата им се препорачува на пациентите со кардиоваскуларни заболувања и висок крвен притисок.
Вкусен рецепт со хељда може да најдете на ликот од фотографијата.
Хељдата ги ублажува несаканите ефекти од хемотерапијата или радиотерапијата. Истражувањата покажале дека застапеноста на оваа намирница во секојдневната исхрана помага во превенцијата на шеќерната болест и болестите на кардиоваскуларниот систем.
Чајот од хељда го подобрува памтењето и концентрацијата, па затоа ја нарекуваат идеална храна за мозокот. Чајот од цветовите на хељда има лековито дејство на дишните патишта и белите дробови, а мешавината од листови и цветови од хељда е природен лек против атеросклероза на крвните садови.
Чајот од семето на хељда е корисен при несоница и вознемиреност. Од семето на хељдата се прави исклучително хранливо црно брашно, кое може да се користи за правење на леб и други печива. Народната медицина ја препорачува хељдата при лекување на ревматизам, глауком и шеќерна болест.
Начинот на подготовка на хељдата е сличен како и подготовката на ориз на пареа. (во сооднос 2 чаши вода 1 чаша хељда).
Во исхраната на бебињата се воведува на 12+
No comments:
Post a Comment