Wednesday, December 29, 2021

Растителни млека

Не може, а да не забележиме дека последните неколку години растителните напитоци се почесто се употребуваат во секојдневната исхрана. Зашто е тоа така?

Имаме неколку можни одговори: некои  сакаат сосема да ги исфрлат млеката од животинско потекло заради потенцијалните здравствени ризици, заради се почестата лактозна интолеранција, алергии, а други пак заради намалување на телесната тежина и исфрлање од исхраната се што има многу калории.

Бидејќи најчесто разговараме за детската здрава и балансирана исхрана, ќе се задржиме токму на употребата на растителните млека во секојдневната исхрана на децата. 

Растителните напитоци или популарно наречени млека никако не можат да бидат замена за мајчиното млеко или млечната формула, но затоа може да го замениме крајвото млеко во подготовка на многу оброци и ужинки токму со овие напитоци. Секако, треба да внимаваме на возраста на бебињата/ помалите дечиња и да го примениме правилото на три дена пробување или пак, да дадеме напиток од намирница која веќе е внесена во исхраната на детето.

Од неодамна и на нашиот пазар има голем избор на растителни млека од најразлично потекло – кокос, соја, ориз, бадем, овес, киноа итн.

Секое од нив има различен вкус, структура, боја. Може да се употребуваат за подготовка на смути, шејкови, да се комбинираат со житарки, да се подготвуваат десерти, па дури и со кафе се превкусни. Широкиот спектар на употреба ги прави уште полесни за внесување во секојдневието.

Составот пак се разликува во зависност од што е направено млекото. Др. Митов за растителните млека ги има напишано предности во однос на кравјото млеко:

  • Помалку калории.
  • Повеќето растителни млека имаат помалку шеќери и маснотии од кравјото.
  • Иако не се толку добар извор на минерали и витамини, растителните млека се најчесто збогатени со оние микронутриенти со кои е богато кравјото млеко.
  • За разлика од животинските, растителните млека не содржат воопшто холестерол.
  • Кравјото млеко има премногу натриум.
  • Кравјото млеко е чест алерген, а многумина не можат да ја дигестираат лактозата (млечниот шеќер).
  • Кравјото млеко може да создаде зависност.

Во нашата facebook група може да најдете многу интересни рецепти за примена на растителните млека. 


На youtube каналот може да погледнете видеа во кои сме ги користеле токму овие растителни напитоци, поконкретно O'PLANT на Подравта, за да подготвиме оброци. 



No comments:

Post a Comment