Денешната статија
ќе ја посветиме на пилешкото месо кое иако често го јадеме, сметаме дека не му се посветува доволно внимание. Oва месо е едно од најпопуларните во светот затоа што е вкусно и лесно за подготовка. Начините на готвење и комбинациите се неограничени, а нутритивната вреднoст која ја има ова месо не е воопшто за потценување.
Да почнеме од последното: пилешкото месо лесно дигестира во организмот, има висока биолошка вредност и диететска намена.
- Во 100 грама бело пилешко месо без коски има: 165 калории, 31 грам протеини, 4 грама масти (од кои 1 грам незаситени масти), 74 мг натриум.
- Ако сакате крцкаво пилешко со кожичка, тогаш нутритивната табела малку се менува: 197 калории и 8 грама масти (од кои 2 грама заситени масти).
- Само 100 грама пилешко месо дневно ги задоволува дневните потреби за железо, а ќе внесете и значителна количина витамин Б и цинк.
- Исхраната со пилешко месо го намалува ризикот од прекумерна дебелина, како и од кардиоваскуларни болести и дијабетес.
Меѓутоа за да ги
искористите горенаведените придобивки, најважно е да го подготвите правилно.
Иако знаеме дека пржената храна е вкусна, таа е далеку од здрава. Затоа изборот
за подготовка секогаш, без разлика дали готвите месни производи или зеленчук,
нека ви биде здрава варијанта.
Може да го варите, печете, подготвите на скара, да го мелете и да направите ќофтиња, да го искористите за вкусна салата или тестенини.
Може да го варите, печете, подготвите на скара, да го мелете и да направите ќофтиња, да го искористите за вкусна салата или тестенини.
Како мајки кои
веќе 8 година се дел од здравиот начин на готвење, секогаш наоѓаме вкусни
решенија за нездравите оброци кои се околу нас. Веруваме дека секогаш има начин
она што е само вкусно да го направиме и здраво.
Еден од
последните објавени рецепти токму од нашата кујна се „Чикинаките на Михаил“,
сосема здрава и подеднакво вкусна варијанта на познатите КФЦ пилешки медалјони.
Ви предлагаме да го пробате рецептот бидејќи сме сигурни дека ќе ви се допадне.
Исто така е многу важно да споменеме дека, една од најважните работи е да го одбереме вистинското пилешко месо,
особено кога готвиме за децата. Не секој од нас има можност за проверено
домашно пилешко месо, па затоа внимателно бираме брендови кои нудат еколошки
пилиња, согласно највисоките ЕУ стандарди во однос на заштитата на животната
средина, здравствената заштита и благосостојбата на животните.
Ви ги предлагаме Јона кои имаат производство на домашно живинско месо, кое најважно од се е без хормони и антибиотици и е NON-GMO. Нудат свежо разладено пилешко месо кое ги исполнува најстрогите критериуми за безбедност и квалитет на храна.
Наш предлог е да го пробате и сами да се уверите во она кое ви го пишавме.
Ви ги предлагаме Јона кои имаат производство на домашно живинско месо, кое најважно од се е без хормони и антибиотици и е NON-GMO. Нудат свежо разладено пилешко месо кое ги исполнува најстрогите критериуми за безбедност и квалитет на храна.
Наш предлог е да го пробате и сами да се уверите во она кое ви го пишавме.
Во продолжение,
погледнете неколку рецепти кои ќе ви ги задоволат апетитите, а што е најважно,
здрави се.
No comments:
Post a Comment