Tuesday, June 21, 2022

Производството на домашно пилешко месо - интервју со Јона

На македонскиот пазар до пред некоја година најчесто имавме можност да купуваме увозно пилешко месо чие потекло и квалитет отсекогаш ни беа под знак прашалник. Но тоа се смени и се почесто имаме прилика да консумираме домашни производи иако изборот е се уште минимален. 


Знаејќи дека купувачите ги интересира повеќе за производството на домашно пилешко месо, на таа тема поразговаравме со Јона.


П: Како Јона успеа да се пробие на македонскиот пазар и да ги привлече купувачите? Може да заклучиме дека вашата приказна е успешна, па би сакале да ги запознаеме нашите читатели како се започна.

Јона: Интернатионал ФрешФоод е конзорциум кој што е основан од домашен и странски капитал.

Главната цел и фокус на компанијата е да пласира на домашниот како и странскиот пазар свежо пилешко месо а притоа да се запазат сите најсовремени Европски пракси и стандарди за безбедност на храна.

Проектот на Интернатионал Фреш Фоод предвидува и изградба на сопствена најмодерна кланица во с.Врапчиште-Гостиварско и сопствени фарми во Кочани, Штип, Охрид, Струга, Псача, Ветуница, Карбинци и т.н. Првиот чекор кон реализација на овој проект го почнавме токму во Псача и понатаму ќе се развива и во другите места кои ги споменавме. 


П: Еден од главните адути на Јона пиле е свежо пилешко, без ГМО, еколошки одгледано и најважно, наше македонско производство. Колку се овие работи важни за квалитетот на месото и што тоа значи за крајниот купувач?

Јона: Со производство на домашно живинско месо, се обезбедува пласман на свежо разладено пилешко месо кое ги исполнува најстрогите критериуми за безбедност и квалитет на храна.

Современ капацитет со најмодерна опрема согласно највисоките ЕУ стандарди во однос на заштитата на животната средина, здравствената заштита и благосостојбата на животните.


П: Како Јона придонесува за зајакнување на македонската економија? Дали производите кои се користат за одгледување на пилињата се од домашно или странско потекло?

Јона: Се планира и изградба на фабрика за сточна храна во Свети Николе, што значи дека ќе обезбедиме на земјоделците сигурен пласман на нивните зрнести житни култури, со што вкупната инвестиција во следните 5 години ќе ја надмине сумата од 50 милиони Евра.  

Се разбира дека тука ќе ја имаме во предвид и соработката со други кооперанти (одгледувачи на бројлери) и секако домашни производители на потребните репроматеријали.

Ова значи дека во браншата на бројлерско производство ќе обезбедиме над 3000 нови работни места.


П: Јона пилешкото може да се купи свежо и замрзнато. Која е разликата?

Јона: Генерално, разликата произлегува од технологијата на одржување, пакување и пласирање до крајниот потрошувач согласно потребите и навиките на истиот. Кога велиме замрзнато пилешко месо од брендот Јона, мораме да истакнеме дека тоа е свежо и брзо замрзнато месо согласно највисоките стандарди за квалитет и безбедност на производите.

Во однос на квалитетот на брзо замрзнатото пилешко месо, важно е да се знае дека истото не е помалку квалитетно од свежо разладеното пилешко месо.

 

П: Според досегашното искуство, што е она што најмногу се конзумира од македонскиот купувач?

Јона: Во суштина, за сите производи постои интерес. Најмногу се конзумира пилешкото филе, целото пиле, копанот со надкопан како и пилешките крилца. 

 

No comments:

Post a Comment