Tuesday, March 12, 2019

Цитрон 12+ месеци

Цитронот е многу моќна храна која треба секојдневно да се наоѓа на нашето мени. Тој претставува лек за премногу болести, а сето ова е научно докажано со многу експерименти. 




За разлика од синтетичките лекови, цитронот претставува природен лек кој не предизвикува несакани последици. Содржат витамин Ц и Е,минерали и елементи и траги на (железо, калиум, калциум, фосфор) лимонска киселина, пектин, лимоново масло и биофлавоноиди.

Цитронот може да спречи дебелеење, да се справи со дијабетис (шеќерната болест), го намалува холестеролот, се бори против ракот, лекува чиреви во желудникот, ги намалува болестите на непцата, а дури може да спречи излив на мозокот.
Нарингенинот е антиоксидант кој го дава горчливиот вкус на цитрониот, кој делува како 2 посебни лекови кои се користат кај шеќерно болните.


Нарингенинот исто така го нормализира нивото на триглицеридите и холестеролот во крвта, помага во намалување на отпорноста на инсулин и комплетно го нормализира метаболизмот на гликозата. Научниците откриле дека генетски го репрограмира црниот дроб да ги троши вишокот на маснотии наместо да ги складира. Со ова помага и да се одржи нормалната телесна тежина, што е важен дел во лекувањето на дијабетис.



Сите права на соджината вклучувајќи ги авторските права се задржани од Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач. Со самото пристапување на овој блог се согласувате дека содржината ќе ја користите само за лични и некомерцијални потреби. Не е дозволено копирање, дистрибуција, продавање, јавно прикажување и адаптирање било која содржина доколку не е регулирана со претходен договор на Здрава храна, здрави деца и Бебе Готвач.


Без дозвола може да се превземе текст само доколку е поставен линк од оргиналната содржина.




No comments:

Post a Comment